Новак Ѓоковиќ е незапирлив, нова победа на УС Опен и нови рекорди!

 

Објавено:

Српскиот тениски ас изгледа не планира да се откаже во брзо време од победите на големите турнири, а со денешната победа над Захари Свајда, тој не само што влезе во третата рунда, туку и испиша новии неверојатни бројки зад своето име.

Откако го изгуби првиот сет, Ѓоковиќ се врати посилен во наредните три и на крајот го совлада противникот со 3:1 или 6(5)-7(7), 6-3, 6-3, 6-1 во сетови.

Со оваа победа тој го испиша 19-от влез во третата рунда на Отвореното првенство во Њујорк, од 19 настапи во неговата кариера.

Покрај оваа беспрекорна статистика, тој се запиша во историјата и по бројот на вкупен влез во третата рунда на сите четири големи Гренд Слем турнири. Сега тој со 75 настапи во третиот круг, ја предводи елитната листа на која второто место го зазема Рожер Федерер со 74 и третото Рафаел Надал со 59 настапи.

Извор: https://x.com/Lacoste

Статистиката на Ноле ги вклучува 17-те настапи во третата рунда на Австралискиот отворен турнир, 20 настапи на Роланд Гарос, 19 на Вимблдон и сега 19 и на УС Опен.

А, што се однесува до бројот на победи на терените со тврда подлога, Ѓоковиќ со оваа победа која е 191 во неговата кариера, се изедначи со бројот на победи на легендарниот Федерер. Доколку успее да го помине и третиот круг на натпреварувањето, српскиот тенисер ќе ја предводи и оваа листа.

Извор: https://x.com/usopen
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено