14.8 C
Skopje

Турција го шокираше домаќинот Летонија во Рига, на стартот на Еуробаскетот

Објавено:

Полна сала и повеќе од 11.000 навивачи не беа доволни за Летонија да стартува со победа на Еуробаскет 2025 во денешниот меч за отворање на турнирот.

Турција, предводена од Сенгун и Осман, одигра маестрално и славеше со 93:73 во “Арена Рига”, испраќајќи јасна порака дека се сериозен кандидат за висок пласман.

Летонците се држеа во првото полувреме, но третиот период беше пресуден. Осман и Ларкин погодија неколку важни тројки и предноста на Турција нарасна до +22, што беше недостижно за домаќините.

Осман заврши со 20 поени, Сипахи одигра натпревар од соништата со 19 поени и 5 тројки, а Ларкин придодаде 15. Сепак, токму Алперен Сенгун беше вистинската котва на теренот – со 16 поени, 8 скокови и 7 асистенции, тој ја одржуваше Турција во безбедни води и доби индекс 23.

Турција погоди неверојатни 15 од 25 обиди за три поени, со што го собори сопствениот рекорд на Еуробаскет, поставен против Франција во 2022 година.

Кај Летонија најдобар беше Рихардс Ломаж со 16 поени од клупата, додека Кристапс Порзингис беше запрен на само 10 поени (3/12 од игра). Голема заслуга за тоа оди кај Ерџан Османи, кој одлично ja бранеше НБА ѕвездата.

По мечот, Турција добива ден одмор пред дуелот со Чешка, додека Летонија ќе мора брзо да најде решение, бидејќи следува балтичкото дерби со Естонија.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено