Грузија да го совлада актуелниот европски шампион Шпанија со убедливи 83-69 и тоа на самиот старт на ФИБА Евробаскетот.
Иако избраниците на Александар Џикиќ ги загубија сите шест пријателски натпревари пред турнирот, вистинската слика ја покажаа во Лимасол, каде со огромна борбеност и дисциплина го урнаа четирикратниот европски првак.
Грузија започна моќно и брзо поведе со плус 10, но Шпанија успеа да врати и накратко дури да поведе. Сепак, вториот дел им припадна на Грузијците кои преку одличната одбрана и агресивните скокови повторно стигнаа до двоцифрена предност. “Фуријата” се доближи на само три поени (61-58), но потоа следуваше клучната серија од 11-2 која го реши мечот.
Mamu x Goga² 🔗🇬🇪#EuroBasket pic.twitter.com/gunVss8lgJ
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) August 28, 2025
Сандро Мамукелашвили одигра феноменален натпревар со 19 поени, 7 скока и 6 асистенции, покажувајќи дека е вистински лидер на оваа генерација. Помош имаше и од Шенгелија и Битадзе, кои со енергијата под обрачот ја добија “битката на скоковите” со неверојатни 46-29.
Шпанија, пак, изгледаше непрепознатливо особено на слободните фрлања, а овој пораз ќе биде голем аларм за селекторот Скариоло и неговите играчи.
За Грузија, ова е историска победа и огромен чекор кон пласман во втората фаза. Следува дуел со Италија, кој може да им ја отвори вратата за пласман во Рига.
Шпанците мора брзо да се консолидираат и да победат на следниот натпревар против Босна и Херцеговина ако сакаат да останат во трка за висок пласман.



