Вчерашниот ден на отвореното првенство во УС Опен во женска конкуренција, донесе победа на неколку фаворитки, но и неколку изненадувања.
Светската број еден тенисерка, Арина Сабаленка одигра сигурно против Канаѓанката Лејла Фернандез за победа од 6-3, 7(7)-6(2) во сетови.
Победа оствари и Американката Џесика Пегула, која без проблеми ја совлада Викторија Азаренка со 6-1, 7-5 во сетови, како и Елена Рибакина која моќно изигра против британската тениска ѕвезда Ема Радукану, за победа од 6-1, 6-2 во сетови.
Изненадувањата дојдоа во раните утрински часови по македонско време, кога се играа мечевите од третата рунда меѓу Тејлор Таунсенд и Мира Андреева. Американката успеа да дојде до победа над петто рангираната Андреева, со резултат од 7-5, 6-2.
Изненадување имаше и на мечот каде фаворитката, Американката Ема Наваро, изгуби од Чехињата Барбора Крејчикова, со резултат 6-4, 4-6, 4-6 во сетови.
Со ова го добивме и распоредот на првата половина од женското осминафинале на УС Опен. Па така, Сабаленка ќе се сретне со Буска, Рибакина со Вондрусова, Пегула против Ли и Крејчикова против Таунсенд.




