Алкараз во полуфиналето без изгубен сет на УС Опен

 

Објавено:

Доколку продолжи со ваквата игра, Карлос Алкараз е на чекор да стане првиот тенисер кој го освоил Отвореното првенство во Њујорк без изгубен сет.

Шпанецот вечерва го совлада Јиржи Лехечка со резултат од 3:0, односно 6-4, 6-2, 6-4 во сетови, со што ја продолжи беспрекорната низа на турнирот. Сега тој треба да го помине полуфиналето и евентуално финалето со таков скор, за да стане првиот во историјата кому му успеало таков подвиг.

Извор: https://x.com/usopen

Ова за Алкараз ќе биде враќање во полуфиналињата на терените со тврда подлога, после полуфиналето кое го одигра во 2023 година, токму во Њујорк.

Карлос во полуфиналето ќе се сретне со победникот од дуелот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Тејлор Фриц, а кој и да биде од нив двајца, во најава е голем тениски спектакл.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено