Репрезентацијата на Италија го обезбеди своето место во нокаут фазата на Еуробаскетот со голема и драматична победа над вечниот ривал Шпанија со резултат од 67:63.
Иако “аѕурите” ја имаа обезбедено визата за Рига уште пред дуелот благодарение на триумфот на Грузија над Кипар, на теренот покажаа дека секогаш се посебно мотивирани кога играат против четирикратниот европски шампион. Италија сега има само пет порази во 20 меча против Шпанија, со неверојатни 11 победи во последните 13 средби.
Шпанците стартуваа моќно, поведоа со 13:0 и изгледаше дека ќе имаат лесна вечер. Но Италијанците се вратија и на крајот на првата четвртина стигнаа до изедначување од 25:25. На одмор Шпанија сепак имаше предност (36:30), но со борбена трета четвртина Италијаните направија целосен пресврт и поведоа со 49:47.
Во неизвесна завршница, Марко Спису беше херојот и со четири слободни фрлања во последните 30 секунди ја донесе радоста за Италија.
Niang’s impact 🤯#EuroBasket x @Italbasket pic.twitter.com/WLhMkoGOWb
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 2, 2025
Мухамет Диуф блескаше со 14 поени и 8 скокови за само 19 минути, а Салиу Нианг исто така одигра одлично со дабл-дабл (10 поени, 10 скокови), иако повредата го извади од игра во завршницата. Кај Шпанија најефикасен беше Салихо Аладама со 19 поени, 10 скокови и 4 асистенции, додека Серхио де Лареа додаде 15 поени.
Шпанците, пак, ќе жалат за многу промашени слободни фрлања (само 13/22, или учинок од 59%), како и за слабата реализација од поле (32%).
Италија мирно ќе влезе во последниот меч против домаќинот Кипар, додека за актуелниот шампион Шпанија следи клучен дуел со Грција – меч кој може да реши дали воопшто ќе ја видиме “црвената фурија” во нокаут фазата.



