Ѓундоган со емотивна објава се збогува во Манчестер Сити

 

Објавено:

Илкај Ѓундоган и официјално го напушти Манчестер Сити и својата кариера ќе ја продолжи во турскиот гигант Галатасарај. Тој со клубот потпиша договор до 2027 година, а на социјалните мрежи се прости со англискиот клубот и навивачите.

“Драги Граѓани, сакам да бидам искрен со вас… причината поради која си одам е многу едноставна: сè уште сакам да играм фудбал колку што можам почесто, бидејќи тоа е она што го сакам најмногу. Набрзо ќе наполнам 35 години, но сè уште се чувствувам физички подготвен и навистина верувам дека можам да продолжам да играм на највисоко ниво за тим кој се натпреварува во Лигата на шампионите”, го започнува тој писмото кое го објави вечерва.

“И не само тоа. Сега имам можност да се приклучам на мојот омилен клуб од детството, во земјата која ми значи многу”, вели Ѓундоган.

Сепак, тој не ги изостави и пофалните зборови за Сити и навивачите: “Манчестер Сити сака да започне од почеток после една неверојатна ера. Нешто што целосно го разбирам и го почитувам. Никогаш нема да заборавам што направи овој голем клуб за мене во текот на многу години. Поголемиот дел од моето време тука беше апсолутно фантастично и неверојатно успешно. Клубот и градот Манчестер секогаш ќе имаат посебно место во моето срце”.

“Сакам да им се заблагодарам на сите мои соиграчи, челниците на клубот, на секој оној кој работеше зад сцената, на секој фан и секако – на Пеп, кој го овозможи овој неверојатен период. Си одам од Сити со голема благодарност. Ви благодарам од моето и името на целото мое семејство”, завршува тој.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено