Салах: Може да ги славиме новите, без да покажуваме непочит кон шампионите?

 

Објавено:

Мохамед Салах секогаш се искрен и гласен кога сака да го каже своето мислење, а често пати сме го гледале во ситуации кога јавно поставувал прашања кои другите радо не би ги покренале. Една таква ситуација неодамна беше кога јавно постави прашање до УЕФА за кој го уби Палестинскиот “Пеле”.

Овој пат тој го крена гласот кон своите, навивачите на Ливерпул. Иако тие се возбудени за новите засилувања кои пристигнаа летово, Салах е тука да ги потсети дека треба да имаат поголема почит и кон оние кои беа дел од шампионскиот тим.

Тој го сподели статусот на фан страната “Anfield Edition”, каде стои фотографијата на старите и новите број 7 и 9 во Ливерпул. На старата фотографија се Луис Дијаз и Дарвин Нуњез кои летово го напуштија клубот, а на новата се хит засилувањата Флоријан Вирц и Александер Исак.

Фан страната покрај фотографијата напиша: “Кажете поголемо надоградување во фудбалската историја од ова”, а Салах им порача: “А, да ги славиме новите засилувања, без да покажуваме непочит кон шампионите во Премиер лигата?”.

Салах е близок и со двајцата играчи кои го напуштија клубот, но на страна од тоа, тој има огромна поента со својата изјава кон навивачите на Ливерпул.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено