После вечерашните натпревари со кои заврши групната фаза во групите А и Б, познати се и двојките, како и термините за првата нокаут рунда која ќе се одигра на 6-ти септември (сабота).
Први осминафиналето ќе го отворат репрезентациите на Турција и Шведска, а денот ќе го затворат Србија и Финска во вечерниот термин.

Сите натпревари и термини за 6 септември:
Турција – Шведска (11:00 часот)
Германија – Португалија (14:15 часот)
Литванија – Латвија (17:30 часот)
Србија – Финска (20:45 часот)
Останатите двојки во осминафиналето ќе бидат познати во четврток, кога ќе се заклучи и табелата во групите Ц и Д.



