12.8 C
Skopje

Кој е Ник Волтемаде, “Меси од два метри” кој сонува да биде како Хари Кејн?

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

По летната сага во која беа одбиени од неколку напаѓачи, Њукасл Јунајтед конечно го сруши клупскиот рекорд и го доведе германскиот репрезентативец Ник Волтемаде за неверојатни 85 милиони евра. Овој трансфер не е само решение за нападот по заминувањето на Александер Исак, туку и приказна за еден од најуникатните фудбалери на денешницата.

Но, кој е всушност Ник Волтемаде, 23-годишниот џин од 198 сантиметри, кој го носи прекарот “Меси од два метри”?

“Меси од два метри” кој сонува да биде Хари Кејн

Прекарот “Zwei-Meter-Messi” му го дал неговиот поранешен капитен во Штутгарт, Атакан Каразор, и тој совршено го опишува. Иако е висок речиси два метри, Волтемаде поседува неверојатна техника и контрола на топката, нешто што е реткост за играч со неговата градба.

Неговиот гол за германската репрезентација до 21 година е најдобар доказ за тоа, со еден допир скроти силно додавање, пред со волеј да ја смести топката во мрежата. Германскиот новинар Кристоф Руф напиша: “Гол од соништата, кој го отсликува Волтемаде, веројатно најдобриот ‘човек од два метри’ наоколу, играч на чии нозе топката изгледа како да се лепи додека дрибла”.

Сепак, тој самиот вели дека негов идол е Хари Кејн. “Како напаѓач, можеш да научиш многу од него”, изјави Волтемаде, кој ова лето беше и најдобар стрелец на Европското првенство за играчи до 21 година.

Патот на еден феникс: Од отфрлен во Вердер до ѕвезда во Штутгарт

Патот на Волтемаде не беше лесен. Тој е продукт на академијата на Вердер Бремен, каде што стана и најмладиот дебитант во историјата на клубот. Сепак, таму никогаш не доби вистинска шанса, бидејќи беше во сенка на тандемот Филкруг-Дукш.

Клучниот момент во неговата кариера беше позајмицата во третолигашот Елверсберг, каде што експлодираше со 10 гола и 9 асистенции и беше прогласен за играч на сезоната. Тоа му донесе трансфер без оштета во Штутгарт, каде што минатата сезона постигна 17 гола и го освои германскиот Куп, со што го привлече вниманието на најголемите клубови.

Извор: https://www.premierleague.com/

Војната за потписот: Како Њукасл го “украде” пред носот на Баерн

Баерн Минхен цело лето се обидуваше да го доведе, но Штутгарт ги одби сите понуди до 60 милиони евра. На крајот, како и многу други таленти од Бундеслигата, тој заврши во Премиер лигата.

“Њукасл е добар клуб, но не е во топ-категоријата. Сепак, Премиер лигата е едноставно во друга димензија, финансиски”, изјави спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд, признавајќи го поразот во оваа битка.

“ВалтерМеси” како што веќе го нарекуваат навивачите на Њукасл, пристигна на “Сент Џејмс Парк”, каде што би требало да биде прв избор во нападот иако ќе има жестока конкуренција во новото засилување од Брентфорд – Јоан Виса, кој што што го комплетираше трансферот буквално во последните секунди од трансфер периодот за огромни 63.40 милиони евра (55 милиони фунти). Како што изјави и легендарниот Лотар Матеус: “Со својата градба, тој ќе одговара на Премиер лигата. Сега е на него да остави свој белег”.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено