Возбудлив меч и полуфинале за Феликс Оже-Алијасим на УС Опен

 

Објавено:

Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим и Австралијанецот Алекс де Минор, вечерва одиграа навистина возбудлив меч за влез во полуфиналето на Отвореното првенство во САД.

Феликс успеа да го совлада Де Минор со 3:1, а откако го изгуби првиот сет, успеа во тешка борба да ги освои наредните три за конечен резултат од 4-6, 7(9)-6(7), 7-5, 7(7)-6(4) во сетови.

Публиката уживаше во мечот, а Оже-Алијасим се врати на големата сцена на Гренд Слем турнирите.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

“Се чувствувам неверојатно. Четири години… искрено, ми изгледаат како повеќе. Ова беа неколку тешки години, но затоа сега чувството да се биде во полуфиналето е уште подобро”, изјави Феликс по победата.

Тој во полуфиналето ќе се сретне со италијански противник, односно подобриот од дуелот меѓу Јаник Синер и Лоренцо Мусети.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено