Алкараз на чекор до историја: Го совлада Ѓоковиќ без изгубен сет!

 

Објавено:

Карлос Алкараз продолжи со сензационалната игра на Отвореното првенство во Њујорк, откако вечерва го совлада српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ.

Младиот Шпанец е на прагот да испише историја, откако и вечерва тој не изгуби ниту еден сет, во мечот кој го доби со 3:0, односно 6-4, 7(7)-6(4), 6-2 во сетови.

Доколку успее и во финалето да дојде до ваков неверојатен скор, тој ќе стане првиот тенисер во историјата на турнирот кој успеал да го овои без ниту еден изгубен сет.

На патот кон ваквиот успех ќе му се најде еден од двајцата тенисери кои рано утринава ќе го одиграат вториот полуфинален меч, односно Јаник Синер и Феликс Оже-Алијасим.

Многумина прогнозираат дека повторно ќе гледаме финале помеѓу Алкараз и Синер, но сепак не треба да се исклучи ниту Канаѓанецот кој засега има одлична игра на турнирот.

Новак Ѓоковиќ со вечерашниов пораз ќе мора да почека за освојување на својот рекорден 25 Гренд Слем трофеј во некоја друга прилика, но со оглед на тоа што тој има 38 години, сè поизвесно е дека влегуваме во нова Алкараз-Синер ера на освојување на големите турнири.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено