Ѓоковиќ: “Јаник Синер и Карлос Алкараз се едноставно предобри”

 

Објавено:

На прес конференцијата пред медиумите по синоќешниот пораз во полуфиналето на Отвореното првенство во САД, српската тениска легенда Новак Ѓоковиќ призна дека во моментов не може да ги победи Синер и Алкараз во мечевите од пет сета.

“Изгубив во 3 од 4 полуфиналиња на слем турнири од овие момци. Едноставно тие се предобри. Многу ми е тешко да играм најдобар од 5 сета, особено во крајните фази на Гренд Слем турнирите”, искрено одговори Ѓоковиќ.

После поразот од Алкараз, Новак Ѓоковиќ изјави дека ќе продолжи да игра и понатаму, а досега го водела љубовта која ја добивал од публиката и поддржувачите.

“Уште уживам во возбудата од натпреварите. Денес добив одлична поддршка од публиката. Многу сум благодарен за тоа. Тоа е една од најголемите причини зошто продолжувам да го правам ова. Љубовта која ја добивам ширум светот беше неверојатна во последните неколку години”, додаде Србинот.

Тој се надева дека ќе продолжи да игра на големите турнири и следната година, а реално со неговиот влез во сите полуфиналиња на Гренд Слем турнирите оваа година, има реални шанси да го гледаме и на идните изданија.

“Сè уште сакам да играм идната сезона на Гренд Слем турнирите, но ајде да видиме дали ќе се случи тоа. Мислам дека ќе имам поголеми шанси во мечевите со најдобар од 3 сета. Турнирите кои траат една недела. Мастер турнирите. Тоа можеби ќе ми биде поголема шанса во мечевите против нив”, заврши Ѓоковиќ.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено