Денес во Рига беше извлечена ждрепката за претквалификациите за Европското првенство во кошарка во 2029 година, а Македонија е во првата група со уште три репрезентации.
Овој пат нашите кошаркари ќе се сретнат со Ирска, дебитантите Луксембург и Азербејџан, во обид да обезбедат учество во втората рунда од претквалификациите за Еуробаскетот.
Во втората група Б се најдоа Бугарија, Норвешка и Ерменија, додека во третата група Ц ќе играат Словачка, Косово и Албанија.
Овие десет репрезентации ќе се натпреваруваат на натпреварите кои ќе бидат закажани во текот на ноември оваа година, како и во февруари и јуни-јули идната година.
Секоја од репрезентациите ќе одигра еден домашен и еден гостински натпревар со противниците во својата група. Македонија ќе стартува на 27 ноември на домашен терен, против репрезентацијата на Азербејџан.
Ова е распоредот на сите кола:
1.КОЛО – 27. НОЕМВРИ – 2025
МАКЕДОНИЈА – Азербејџан
Луксембург – Ирска
2.КОЛО – 30.НОЕМВРИ – 2025
Ирска – МАКЕДОНИЈА
Азербејџан – Луксембург
3.КОЛО – 27.ФЕВРУАРИ – 2026
МАКЕДОНИЈА – Луксембург
Ирска – Азербејџан
4. КОЛО – 2. МАРТ – 2026
Азеербејџан – МАКЕДОНИЈА
Ирска – Луксембург
5. КОЛО – 2.ЈУЛИ-2026
МАКЕДОНИЈА – Ирска
Луксембург – Азеербејџан
6. КОЛО – 5.ЈУЛИ-2026
Луксембург – МАКЕДОНИЈА
Азербејџан – Ирска