Еурофарм Пелистер со победа ја отвори сезоната во Лигата на шампионите

 

Објавено:

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, синоќа на домашен терен ја извојува првата победа во новата сезона на ЕХФ Лигата на шампионите, против гостувачкиот тим на Загреб.

“Зелените” понесени од неверојатната атмосфера од секогаш извонредните навивачи успеаја да ја стартуваат новата европска сезона на најдобар начин, со победа од 25-23 во меч кој донесе драма и неизвесност до самиот крај.

Извор: https://www.facebook.com/hceurofarmpelister

Најдобар кај Битолчани беше Дејан Манасков, кој постигна 8 погодоци, а му помогнаа Филип Кузмановски со 6 и Хосни со 4. Кај гостите од Загреб најефикасен беше Филип Главаш со 7 погодоци.

Погледнете ги најинтересните моменти од натпреварот.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено