- Advertisement -
- Advertisement -
Формула 1 денес го објави официјалниот календар за наредната година, каде може да се види дека легендарната Имола сега е заменета со новата трка во Мадрид.
Стартот на сезоната повторно ќе биде во Австралија како и оваа година, а последната трка ќе се одржи во Абу Даби.

Новитет во сезоната ќе биде новата патека во Мадрид, која ќе се одржи од 11 до 13 септември, со што Шпанија од идната година ќе има две трки, вклучувајќи ја и таа во Барселона. Италија останува само со една трка во Монца, а гласините дека токму Имола ќе отпадне од календарот кружеа уште од самата најава на новата трка во Шпанија.
Погледнете што пишувавме ние за легендарната Имола и нејзиното значење во Формула 1 тука!