Баерн Минхен потврди лоша вест на самиот праг на големото дерби со Челси во Лигата на шампионите. Португалскиот репрезентативец Рафаел Гереро нема да биде дел од тимот на Винсент Компани поради повреда на мускулите на стомакот.
Гереро се врати на теренот викендов за победата над Хамбург со убедливи 5-0, но остана само 17 минути во игра пред да биде заменет. Тогаш Компани откри дека левиот бек почувствувал болка во ребрата и веднаш заминал на прегледи. Неколку дена подоцна, Баерн официјално соопшти дека станува збор за повреда на стомачните мускули и дека играчот ќе мора да паузира.
“Рафаел Гереро се здоби со лесна повреда на стомачните мускули во натпреварот против Хамбург. Како резултат на тоа, 31-годишниот Португалец ќе биде надвор од терените извесен период”, стои во соопштението на клубот.
Raphaël Guerreiro suffered a minor abdominal muscle injury against Hamburger SV.
Get well soon Rapha! 🙌 pic.twitter.com/8uyB47XETB
— FC Bayern (@FCBayernEN) September 15, 2025
Ова е сериозен удар за Баерн кој во среда навечер го пречекува тимот на Енцо Мареска во првиот меч од новоформираната групна фаза. Челси во саботата одигра 2-2 со Брентфорд во Премиер лигата, додека Баерн доаѓа во дуелот со максимална самодоверба по убедливата победа од 5:0 над Хамбург во Бундеслигата.
Во меѓувреме, Челси го искористи новото правило на УЕФА за да направи промена во својот состав. Наместо повредениот Дарио Есуго, во тимот за Лигата на шампионите е вклучен аргентинскиот талент Факундо Буонаноте.
Со оваа регулатива, која важи до шестото коло од лигашката фаза, клубовите имаат право да заменат еден играч кој се соочил со долготрајна повреда или сериозна болест.