11.8 C
Skopje

Александер Исак дебитираше за Ливерпул во Лигата на шампионите!

Објавено:

После целата сага околу неговиот трансфер преку текот на целото лето, Александер Исак вечерва конечно дебитираше во дресот на Ливерпул во мечот од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

Швеѓанецот за прв пат истрча на теренот на Енфилд, а беше пречекан од домашната публика со голема возбуда, откако цело лето беше неизвесно неговото пристигнување од Њукасл Јунајтед.

Сепак, тој не учествуваше во двата брзи голови на Ливерпул, кои ги постигнаа Робертсон и Салах во првите пет минути од натпреварот.

Фановите на Ливерпул на социјалните мрежи сè уште се поделени околу неговиот настап вечерва, дел од навивачите велејќи дека тој сепак не делува физички подготвен за да игра во стартните единаесетмина, откако цело лето го помина тренирајќи сам во екот на целата трансфер драма.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено