Циципас ќе го замени Џек Дрејпер на турнирот “Шестте кралеви”

 

Објавено:

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас ќе го заземе местото на Британецот Џек Дрејпер на турнирот “Шестте кралеви” кој ќе се одржи во Ријад, Саудиска Арабија.

Дрејпер се повлече на Отвореното првенство во Њујорк поради повреда, а тенисерот најави дека најверојатно ќе биде надвор од терените до крајот на годинава. Поради неговата повреда, Гркот ќе биде новиот член на шесторката која ќе се бори за големата парична награда на Саудиска Арабија.

Најчесто за турнирот се бираат шестте најдобри тенисери во моментот, а Дрејпер предизвика веќе реакции поради неговата покана оваа година, иако беше на 13-та позиција. Сегашниот натпреварувач, Стефанос Циципас, во моментов е рангиран дури на 27-то место на АТП листата.

Сега Циципас ќе им се приклучи на Јаник Синер, Карлос Алкараз, Новак Ѓоковиќ, Тејлор Фриц и Александер Зверев на турнирот.

Турнирот на “Шестте кралеви” (Six Kings Slam) е ревијален тениски турнир во Саудиска Арабија, кој е закажан од 15 до 19 октомври оваа година. Овој турнир е желба на Шеикот, а наградите се навистина примамливи, па најдобрите тенисери си делат премија од 6 милиони долари, што е два пати повеќе од наградата на победникот на било кој Гренд слем турнир.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено