11.8 C
Skopje

Лига на шампиони: Преглед на вчерашниот ден и сите голови!

Објавено:

Стартот на Лигата на шампионите веќе носи големи возбудувања на терените, а и вчерашниот ден донесе некои интересни моменти, историски резултати и драма во последните моменти.

Бодови за дебитантите:
Олимпијакос 0-0 Пафос
Славија Прага 2-2 Бодо/Глимт

Вчерашниот фудбалски ден започна со натпреварите на два дебитанти во големото натпреварување, а и Пафос и Бодо/Глимт успеаја да дојдат до бод од своите деби настапи и тоа на гостување кај своите противници.

Пафос одигра без голови со Олимпијакос, а Бодо/Глимт одигра 2:2 во мечот против Славија Прага, иако губеа со 2:0 до 78-та минута.

Ливерпул 3-2 Атлетико Мадрид: Драматична завршница на Енфилд

Во вечерните термини најголема драма се случуваше на натпреварот на Енфилд, каде Ливерпул успеаја повторно со гол во последните минути да дојдат до победата над Атлетико Мадрид.

Баерн Минхен 3-1 Челси: Извонредниот Хари Кејн

Интересно беше и на натпреварот во Минхен, каде домаќините на чело со извонредниот Хари Кејн го пречекаа светскиот шампион Челси. Баерн Минхен покажа структурирана игра, самодоверба и мотив за победа, а истата ја реализираше со резултат од 3:1.

ПСЖ 4-0 Аталанта: Шампионот започна моќно

Бранителот на титулата ПСЖ ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите со убедлива победа од 4-0 над Аталанта.

Маркињос го отвори резултатот уште во првиот дел по асистенција на Фабиан Руиз. Пред паузата, Квича Кварацхелија со моќен удар ја зголеми предноста на 2-0 и ја смири атмосферата на Парк де Пренс.

Во второто полувреме блескаше Нуно Мендеш, кој со прецизен удар со левата нога донесе 3-0. Португалецот одигра фантастичен натпревар, доминирајќи по левата страна.

Крајниот удар го зададе Гонсало Рамош, кој искористи лошо враќање на топката од Раул Беланова за да ги постави конечните 4-0 за тимот на Луис Енрике.

Ајакс 0-2 Интер: Двојка на Маркус Тирам

Ланските финалисти Интер започнаа со победа во Лигата на шампионите, славејќи со 2-0 на гостувањето кај Ајакс. Херојот на вечерта беше Маркус Тирам.

Францускиот напаѓач постигна два гола со глава, и двата по корнери изведени од Хакан Чалханоглу, носејќи му на Интер сигурни три бода.

На другата страна, Јан Сомер се погрижи за чиста мрежа, откако блескаше со извонредна одбрана еден-на-еден против Мика Годтс.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено