11.8 C
Skopje

Рашфорд “проработе” во вистински момент за Барса на Сент Џејмс Парк!

Објавено:

Англискиот фудбалер Маркус Рашфорд летово пристигна во каталонскиот гигант на позајмица од Манчестер Јунајтед, а откако целата својата професионална кариера ја помина во Премиер лигата, тој сега конечно блесна и во дресот на Барселона.

И тоа токму на англиско тло, против англискиот Њукасл Јунајтед кој ги пречека Каталонците во пеколната атмосфера на славниот стадион Сент Џејмс Парк.

Домаќините стартуваа сигурно и изгледа можеби и подобро во првото полувреме, но не успеаја да дојдат до посакуваниот погодок за водство и радост на навивачите кои ги преполнија трибините на историскиот стадион во првиот меч од овогодинешната Лига на шампиони.

Њукасл имаа неколку шанси во првото полувреме, но на голот на Барселона се истакна и другото летно засилување, голманот Жоан Гарсија, па полувремето заврши без погодоци со нерешен резултат од 0:0.

Во второто полувреме Рашфорд го изненади голманот на Њукасл кога прецизно стрелаше со глава од голема далечина за првиот погодок за Барса на мечот во 58-та минута. Со овој погодок тој стана првиот англичанец во историјата на Барселона кој постигнал погодок во Лигата на шампионите.

Извор: https://x.com/FCBarcelona

Вториот погодок во 67-та минута само ја зголеми сензацијата и конечно ја потврди вербата на тренерот Ханси Флик во него, кој уште пред мечот изјави дека можеби Ламин Јамал не е тука вечерва, но затоа го имаат Рашфорд. А, тој ги оправда сите очекувања вечерва на теренот.

Од друга страна, Еди Хау не го започна натпреварот со новото најскапо засилување во неговиот тим, Германецот Волтемаде, кој влезе во игра после примениот прв гол. Но, ниту четирикратната замена не донесе поголема идеја во нападот на англискиот тим.

Сепак, мала надеж за “Страчките” даде Ентони Гордон, кој после асистенција од Марфи успеа конечно да го совлада Жоан Гарсија во 90-та минута. Но, сепак “црно-белите” немаа доволно време за израмнување или сензација, па конечниот резултат заврши со 1:2 во корист на Барселона.

Погледнете ги најинтересните моменти од натпреварот.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено