14.8 C
Skopje

Рашфорд избран за играч на колото во Лигата на шампионите

Објавено:

Првата недела од Лигата на шампионите ни донесе вистински фудбалски возбудувања, а покрај тимовите она што изненади многумина беше и изданието кое го прикажа Маркус Рашфорд кој игра на позајмица во каталонскиот гигант Барселона.

Тој вчера беше реализатор на двата погодоци кои им ја донесоа победата на Барса во пеколната атмосфера на Сент Џејмс Парк против Њукасл Јунајтед, па сосема заслужно беше избран и за играч на неделата во Лигата на шампионите.

Според гласовите зад него се најде Душан Влаховиќ, кој донесе вистинска драма на мечот помеѓу неговиот Јувентус и Борусија Дортмунд. Маркус Турам се најде на третото место, со двата погодоци за Интер, а на четвртото место е Франциско Тринкао со исто толку голови за португалскиот Спортинг Лисабон.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено