Денешниот ден во Премиер лигата го отворија двата меча помеѓу Борнмут и Њукасл Јунајтед, како и Сандерленд со Астон Вила. И двата натпревари завршија со поделба на бодовите.
Њукасл Јунајтед гостуваа кај Борнмут во првиот меч после тешкиот натпревар кој го одиграа дома против Барселона во рамките на Лигата на шампионите. Натпреварот заврши со нерешен резултат без голови, а ниту една од двете страни не донесе поголеми возбудувања.
Њукасл повторно одиграа добра одбрана, меѓутоа не можеа да најдат креативно решение во нападот, по што од гостувањето си одат само со еден бод. Ова е трет по ред нерешен резултат без примен погодок за гостувањата на “Страчките”, но тоа исто така значи дека тие не успеале да дојдат до погодок.
Тренерот Еди Хау направи неколку измени во составот во обид да дојде до првата победа сезонава против неговиот поранешен клуб, но и покрај тоа што стартуваа добро, ниту двата тима не понудија нешто особено во продолжението на натпреварот.
И Сандерленд дома ги подели бодовите со Астон Вила, но тие можат да бидат задоволни со резултатот од 1-1 со оглед на тоа дека уште од 33-та минута играа со играч помалку, откако Мандава доби црвен картон.
Резултатот го отворија гостите во 67-та минута, кога Мети Кеш стрелаше од далечина од 25 метри за да го шокира голманот Робин Роефс. Но, Сандерленд успеаја со играч помалку сепак да стигнат до израмнување во 75-та минута, а погодокот на Вилсон Исидор ги остави Астон Вила без првата победа сезонава.



