22.8 C
Skopje

Мартинели ги спаси Арсенал од пораз дома во 93-та минута!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште еден извонреден настап на замената Габриел Мартинели ги запали навивачите на “Емиратите” во последните минути од мечот кога успеа да постигне одличен погодок во 93-та минута за израмнување на резултатот и избегнување на пораз од Манчестер Сити.

Гостите водеа уште од 9-та минута по голот на незапирливиот Ерлинг Халанд, кој запиша уште еден погодок сезонава, за зацврстување на неговата доминација на листата на стрелци во Премиер лигата.

Извор: https://x.com/ManCity

Мечот кој заврши со краен резултат од 1-1 им донесе важен бод на Арсенал, кои сега го задржуваат второто место на табелата, веднаш зад Ливерпул кои досега немаат пораз во новата сезона. Но, токму ваквиот бод извлечен во последните минути против силен противник може да биде важен во последниот скор на крајот на сезоната.

Стрелецот на голот за Арсенал, после мечот за “Sky Sports” опиша колку бил среќен за погодокот со кој го надмудри голманот Донарума: “Ова се моментите за коишто работам. Игравме навистина добро, но немавме среќа во одредени моменти. Имавме неколку шанси и потоа пристигна одличната топка од Езе и јас само пробав да ја сместам во мрежата”.

“Навистина сум среќен со голот, но мора да работиме повеќе затоа што сакаме да ги добиваме ваквите натпревари”, додаде тој.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено

SportStation.mk