Усман Демебеле вечерва на церемонијата во Париз ја освои престижната награда Златна топка. Французинот кој беше еден од најголемите фаворити за освојување на признанието за прв пат ја подигна Златната топка, која на сцената му ја предаде легендарниот Роналдињо.
Најголемиот негов ривал за освојување на наградата, Ламин Јамал од Барселона, мораше да се задоволи со втората последователна награда за најдобар млад играч, а според изразот на лицето тој беше навистина разочаран што не ја доби и главната награда.
Bravo Ousmane ! 🇫🇷#ballondor pic.twitter.com/7TA1oSpjub
— Ballon d’Or (@ballondor) September 22, 2025
Усман низ солзи ја прими наградата на сцената и се заблагодари на сите кои му ја дадоа поддршката во изминатата сезона. Тој особена благодарност изрази за навивачите и неговиот агент.
“Тие секогаш беа тука за мене и ме поддржуваа во тешките времиња. Мојот агент отсекогаш веруваше во мене. ТОј ми рече дека еден ден ќе ја освојам Златната топка и постојано ми помагаше и ме мотивираше”, изјави емотивниот Дембеле на сцената.
Инаку, според официјалното рангирање, Јамал се најде на втората позиција, а веднаш зад него десетката ја заокружија Витиња, Салах, Рафиња, Хакими, Мбапе, Палмер, Донарума и Мендес.
OUSMANE YOU DID IT! #ballondor pic.twitter.com/0eiclvXuXN
— Ballon d’Or (@ballondor) September 22, 2025



