12.8 C
Skopje

“Златна топка” со емотивно сеќавање на Диого Жота (Видео)

Објавено:

Церемонијата за доделувањето на Златната топка која се одржа вечерва во Париз, покрај целиот гламур и среќни добитници, не го заборави ниту прерано починатиот португалски фудбалер Диого Жота и неговиот брат Андре, кои несреќно го изгубија животот во сообраќајна несреќа во јули оваа година.

Неговите соиграчи во публиката, Вирџил ван Дајк и Алисон Бекер преплавени од емоции го гледаа видеото посветено на нивниот другар, а на церемонијата беше присутна и неговата сопруга Рут Кардосо.

“Ова лето фудбалското семејство остана во шок кога дознавме дека починал Диого Жота, кој го изгуби својот живот заедно со неговиот брат Андре Силва”, започна водителката Кејт Скот.

“Жота беше омилен меѓу навивачите, човек кој даваше сè за својот клуб и нација, а беше обожаван и од неговите соиграчи и поддржувачи. Денес, сите ние се сеќаваме на него”, додаде холандската фудбалска легенда Руд Гулит.

Погледнете го видеото посветено на Диого Жота.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено