Човек на народот: Дембеле и Златната топка меѓу навивачите! (Видео)

 

Објавено:

На синоќешната церемонија во Париз, Усман Дембеле го доби престижното признание “Златна топка”, а меѓу другите тој се заблагодари и на навивачите кои му ја пружаа поддршката кога најмногу му беше потребна.

Играчот кој поради повреди мораше да пропушти голем дел од натпреварите за Барселона, направи изненадувачки трансфер во ПСЖ, каде после рехабилитацијата успеа да се пронајде повторно себе си и под водство на Луис Енрике да стане еден од најдобрите играчи на денешницата.

Демебеле беше многу емотивен кога ја прими наградата, а после завршувањето на церемонијата излезе токму меѓу навивачите за заедно да ја прослават наградата. Тој им даваше на фановите да ја допрат Златната топка, се сликаше со нив и беше дел од неверојатната атмосфера.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено