6.8 C
Skopje

(Видео) Херој и “гениј” во 10 секунди: Екитике даде победнички гол и доби црвен картон за прославата!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Постојат моменти во фудбалот кои обичните смртници не можат да ги разберат. Моменти на чиста, нефилтрирана генијалност, кои се неколку чекори пред сите нас. Токму таков момент ни приреди новиот напаѓач на Ливерпул, Уго Екитике, на натпреварот од Лига купот против Саутемптон.

Французинот одигра 5Д шах, додека сите останати играа “не лути се човече”.

Мисијата: Победнички гол и заслужен одмор

Приказната оди вака: Екитике, кој веќе имаше жолт картон, во 85-тата минута го постигна голот за победа од 2:1. Мисијата беше завршена, победата обезбедена. Но, вистинскиот гениј размислува однапред. Знаејќи дека го чека тежок натпревар во Премиер лигата, тој го активираше вториот дел од планот, да си обезбеди продолжен одмор.

Во налет на “еуфорија”, тој го соблече дресот. Неговиот соиграч, Жереми Фримпонг, кој очигледно не беше запознаен со планот, дотрча до него со прашањето: “Што правиш?! Веќе имаш жолт!”. Но, беше предоцна. Судијата му го покажа вториот жолт картон и патот кон соблекувалната. Генијално.

Погледнете го овој момент на чиста фудбалска авангарда:

Реакциите: “Најдобриот најлош црвен картон на сите времиња“

Овој потег, очекувано, предизвика лавина од коментари, но само ретките ја сфатија неговата генијалност.

“Ова е најдобриот најлош црвен картон на сите времиња”, “Човекот едноставно размислува на друго ниво”, беа дел од реакциите.

Сепак, еден коментар совршено ја сумираше целата ситуација: “Влезе на полувреме. Даде победнички гол. Одби да објасни. Отиде на предвремено туширање”.

Извор: https://x.com/OfficialFPL

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено