22.8 C
Skopje

Голем удар за Ливерпул: Леони ги скина лигаментите

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Катастрофални вести за Ливерпул. Талентираниот италијански дефанзивец Џовани Леони ја доживеа најлошата можна повреда, кинење на предниот вкрстен лигамент (ACL). Според Фабрицио Романо, 18-годишникот ќе паузира неколку месеци и со тоа практично го заврши првиот дел од сезоната.

Младиот стопер, кој пристигна од Парма летово за сума од околу 26 милиони фунти, го имаше своето деби како стартер во тимот на Арне Слот токму во мечот од Карабао купот против Саутемптон. Но, во 81-та минута беше изнесен на носилки со гримаса што навестуваше дека станува збор за сериозна повреда. Сега најлошите стравувања се потврдија.

Леони се сметаше за еден од најголемите таленти во Италија и требаше постепено да се вградува во дефанзивната линија на “црвените”. Наместо тоа, го чека операција и долга рехабилитација со надеж дека ќе може да се врати до крајот на сезоната.

Повредата на Леони доаѓа во најнезгоден можен момент за Слот, бидејќи Ливерпул сега останува со само три искусни стопери: Вирџил ван Дајк, Ибраима Конате и Џо Гомез. Клубот летово не успеа да го донесе Марк Гуеји од Кристал Палас, па сега тренерот можеби ќе мора да експериментира со решенија како Ватару Ендо или Рајан Гравенберх во центарот на одбраната.

За Леони, оваа повреда е суров удар на самиот почеток од неговата англиска авантура. А за Ливерпул, ова ќе биде сериозен тест за длабочината на тимот и издржливоста во сезоната која штотуку започна.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено

SportStation.mk