7.8 C
Skopje

Време е за ракометна треска: Пуштени во продажба билетите за Вардар – Е. Пелистер!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголемиот натпревар во македонскиот ракомет е пред нас! На 1 октомври, со почеток во 19:00 часот, во пеколот на СЦ “Јане Сандански”, силите ќе ги одмерат вечните ривали, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Како и секогаш, се очекува полна сала, жестока атмосфера и врвен ракомет, а од денес, сите оние кои сакаат да бидат дел од овој спектакл, можат да ги обезбедат своите билети.

Како до билет?

Продажбата на билетите ќе се одвива на два начина:

  • Онлајн, преку официјалната платформа ticketx.com.mk
  • На билетарницата на СЦ “Јане Сандански”, секој работен ден од 10:00 до 18:00 часот (почнувајќи од четврток, 25 септември).

Цени на билетите:

  • 300 денари за блоковите А2, А3, А5 и А6.
  • 250 денари за сите останати блокови (1, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 11, 12, 13, 14, 15, 16).

Обезбедете го вашето место на време и бидете осмиот играч на најголемото македонско “вечно” дерби!

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено