(Видео) Играчите на Барса со поддршка за Гави!

 

Објавено:

Фудбалерите на каталонскиот гигант Барселона, вечерва пред натпреварот со Реал Овиедо излегоа на теренот со маички на кои беше испишано името на Гави, кој неодамна подлегна на операција на коленото.

Иако првично се сметаше дека станува збор за рутинска проверка и отсуствување од неколку недели, последните лекарски прегледи покажаа дека тој мора да оди на итна операција на коленото, по што се проценува дека ќе биде надвор од фудбалските терени до 5 месеци.

Ова дојде како голем удар за фудбалерот кој и претходно имаше проблеми со повредите, а неговите соиграчи вечерва решија ја изразат нивната солидарност.

Инаку, Барселона го доби мечот со резултат од 1-3, иако на полувремето домаќините беа во водство од 1-0. Повеќе за натпреварот можете да прочитате тука.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено