2.8 C
Skopje

Што се случува во Маранело? Сè погласни гласините за несогласувања во Ферари

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

После шокантното најавување на седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон минатата година, како и најавите дека подготвуваат подобар болид за оваа сезона, очекувањата за настапот на Ферари пред почетокот на сезоната беа навистина високи.

Но сега, после неколку трки од стартот на сезоната, изгледа дека ништо не му оди од рака на тимот на Маранело. Многумина се надеваа дека промените кои беа најавувани за Големата награда на Шпанија ќе донесат некои промени, но двата подиуми на Леклер сепак не вродија многу надеж кај страсните Тифоси.

Како што тече разочарувачката сезона на Ферари, така почнаа да се шират гласините и за заминувањето на менаџерот Фред Васер од тимот, доколку не успее да прикаже некои позначителни резултати до крајот на годината. Неговиот договор истекнува на крајот на оваа сезона, но сè уште не се споменуваат никакви преговори за продолжување на договорот. Тишината во јавноста само ги подгрева гласините дека погорниот менаџмент на Ферари не е задоволен со насоката во која оди тимот.

Извор: https://www.facebook.com/ScuderiaFerrari

Пред неколку недели се појавија и гласини дека на негово место би можел да дојде моменталниот менаџер на Ред Бул, Кристијан Хорнер, па дури и се споменуваше дека тој веќе остварил неколку средби со челниците на Ферари за време на трката во Барселона.

Друг кандидат да го заземе неговото место е Антонело Колета, кој успеа да постигне две последователни победи со Ферари на славната Ле Манс трка.

Од страната на возачите работите исто така не изгледаат сјајни. Златното момче на Ферари и миленикот на навивачите, Шарл Леклер, долго време важеше за некој кој никогаш не би го напуштил италијанскиот тим. Неговата поврзаност и историја со тимот го правеа “ветениот шампион” во очите на Тифосите, но дури и за него сега почнаа да кружат гласини дека размислува да го напушти тимот после сезоната во 2026 година. Наводно возачот од Монако веќе почнал разговори со неколку други тимови и ги разгледува опциите во случај на напуштање на Ферари.

Извор: https://www.facebook.com/ScuderiaFerrari

Иако навидум во јавноста сè изгледа во ред меѓу него и тимскиот возач Хамилтон, изгледа дека зад кулисите работите не стојат баш така. Во повеќе наврати сезонава имаа несогласувања за време на трките, а притисоците од тимот на Хамилтон дека болидот треба да се направи според неговиот шоферски стил, а не оној на Леклер, се сè поголеми.

Од друга страна, и Хамилтон кој се надеваше дека ќе добие шанса да ја освои рекордната осма титула со Ферари, изгледа дека по 4 месеци од пристигнувањето во Маранело повеќе не е оптимист. Британецот после секоја трка изгледа сè поразочаран, а многумина познавачи на спортот почнаа да изјавуваат дека доколку италијанскиот тим не направи драстична промена со болидот во 2026 и не се прилагоди повеќе на стилот на Хамилтон, тој е подготвен да си оди и порано од предвидениот договор.

Извор: https://www.facebook.com/ScuderiaFerrari

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено