Иако според името Реал Мадрид се “кралевите”, сепак денес градското дерби доби нов владетел, овој пат во боите на Атлетико.
Реал Мадрид кои досега беа непоразени во новата сезона на Ла Лига, денес потклекнаа во спектакуларното издание на нивните градски ривали, а Атлетико Мадрид со голгетерско шоу и повторен блесок на Алварез докажаа дека може да се вратат во игра после бројните критики за лошиот старт на сезоната.
Pasión 🔴⚪ pic.twitter.com/BRYB8hKZNR
— Atlético de Madrid (@Atleti) September 27, 2025
Во мечот кој беше можеби најинтересен досега во шпанската лига, гледавме прекрасни погодоци и драма каква што никој можеби не очекуваше. Атлетико обезбеди рано водство уште во 14-та минута со голот на Ле Норманд, но кога сигурниот Мбапе настапи на сцена за израмнување во 25-та минута, а Арда Гулер десет минути подоцна донесе водство за Реал, многумина мислеа дека заврши приказната за домаќините.
Но, за среќа на навивачите на преполниот стадион, пристигна погодокот на Сорлот во самата завршница на полувремето, по што двата тима отидоа на паузата со по два погодоци.
Во второто полувреме повторно блесна Хулијан Алварез кој постигна два погодоци, еден од пенал во 51-та и еден во 63-та минута, а првенецот на Гризман после долг период на суша само ја запечати судбината на “кралевите”.
Доколку го пропуштивте овој фудбалски спектакл, погледнете ги најинтересните моменти и сите погодоци.



