Фудбал: Совршен спорт за развој на децата и надвор од терените

 

Објавено:

Есента и враќањето во училишните клупи е време кога многу родители и деца размислуваат на каков спорт да се запишат, а денес го разгледуваме фудбалот кој е еден од најпопуларните спортови кај младите. И тоа со причина.

На фудбалскиот терен детето не учи само да шутира и да постигнува голови, туку учи да верува во себе, да работи со тимот и да се радува на секоја мала победа.

Покрај тоа, фудбалот е најпопуларниот спорт во светот со повеќе од 250 милиони регистрирани играчи, но неговите придобивки одат и далеку надвор од терените. Ова се некои од причините зошто да изберете фудбал за вашето дете:

Самодоверба и психолошка стабилност – секој постигнат гол, секој успешен пас и секој тренинг ја гради сигурноста кај децата. Истражувањата покажуваат дека децата кои играат тимски спортови имаат подобри социјални вештини и помал ризик од анксиозност.

Намалување на стрес и подобра концентрација – редовното движење и играње помагаат децата да се релаксираат и да се фокусираат подобро, не само на теренот, туку и на училиште.

Извор: Fk Aerodrom 2018

Подобри резултати во училиште – статистиката е јасна: децата кои се занимаваат со спорт редовно имаат подобар успех во образованието.

Здравје и имунитет – трчањето на свеж воздух за време на тренинзите го јакне имунитетот и создава навики за активен и здрав живот уште од најмала возраст.

На крајот, фудбалот не е само игра. Тој е училница за животни вештини – дисциплина, тимска работа, лидерство и почит кон другите. А најважно од сè – детската насмевка после секој тренинг нема цена.

ФК Аеродром го нуди токму тоа за идните фудбалери, а доколку сакате да дознаете повеќе за клубот, посетете ја нивната Фејсбук страна.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено