Карлос Алкараз денес успешно го заврши својот настап на турнирот во Токио, каде во финалето го совлада Американецот Тејлор Фриц со 2:0, односно 6-4, 6-4 во сетови.
Овој пат тој со својот најголем ривал Јаник Синер играа на различни турнири, но со освојувањето на оваа титула тој само го зацврсни првото место на АТП листата, каде се најде после освојувањето на трофејот во УС Опен и серијата на успешно одиграни турнири.
Ова е осми трофеј за Алкараз оваа година, а тој успеа да го заврши успешно настапот иако уште на самиот почеток имаше стравување од повреда на глуждот.
“Сакам да започнам со Тејлор, тој е одличен спортист. Да му честитам за добрата игра и турнир. Сакам да се заблагодарам и на мојот тим. Секогаш учам од нив. И им благодарам што успеаја да ме вратат во игра после повредата на глуждот”, изјави Карлос после победата.
Champion Carlos Alcaraz is feeling the love in Tokyo 🥰#kinoshitajotennis pic.twitter.com/e3DuvxbjPC
— Tennis Channel (@TennisChannel) September 30, 2025



