Се вративме! Спортска Станица повторно со вас

 

Објавено:

Изминативе неколку денови беше извршена миграција на серверите кои ги користи нашата веб страна, со цел подобрување на корисничкото искуство. Сепак, бидејќи домашниот есап на пазар не излегува, наместо неколку незабележливи часа, процесот траеше нешто повеќе од два дена.

Во тоа време во позадина не можевме да објавуваме нови статии, освен неколку кои успеаја да поминат во време на тест периодот. Се извинуваме што не бевме со вас изминатите денови со редовни спортски новости, но сега се враќаме подобри 🙂

Она што особено нè радува е дека моравме да преземеме вакви чекори за подобрување на искуството откако само во првите два-три месеци имавме над милион прегледи на нашата веб страна. Ви благодариме за големата поддршка која ни ја давате уште од самите почетоци и што растете заедно со нас.

Спортски поздрав,
Тимот на Спортска Станица

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено