5.8 C
Skopje

(Видео) Њукасл со сигурна победа на гостувањето, Карабах со победа дома

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Во втората рунда од Лигата на шампионите, Њукасл Јунајтед дојде до првите бодови во елитното натпреварување, откако денес со голема победа си отидоа од гостувањето кај белгискиот клуб Унион СГ.

Еден од најдобрите играчи на мечот беше германскиот фудбалер Ник Вотемаде, кој го запиша своето име во историјата на клубот, постигнувајќи погодок на своето деби во Премиер лигата и погодок во своето деби во Лигата на шампионите. Со тоа, тој стана првиот играч во историјата на Њукасл кому му успеало таков потфат на деби настапите.

Англискиот клуб покажа вистинска решителност на теренот, па за малку ќе дојдеа и до петти погодок во самата завршница, но секако тие можат да бидат задоволни и со резултатот од 4-0.

Головите за Њукасл Јунајтед ги постигнаа Волтемаде во 17-та минута, потоа следуваа два погодоци на Гордон од пенали во 43-та и 64-та, а резултатот го заокружи Барнс во 80-та минута.

Во другиот меч кој го отвори денешниот ден, Карабах на домашен терен успеа да го совлада Копенхаген со 2-0. Со ова тие станаа првиот азербејџански тим кој успеал да дојде до две последователни победи во Лигата на шампионите.

Капитенот бдела Зубир се најде во вистинско време на вистинското место за да го постигне погодокот за отворање на резултатот во 28-та минута, а вториот погодок пристигна во самата завршница, кога во 83-та минута Емануел Адаи стрелаше успешно во мрежата на противникот.

И покрај двата примени погодоци, голманот на гостите, Доминик Котарски забележа уште две одлични одбрани, со што успеа да не дозволи уште поголема победа на домашниот тим.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено