6.8 C
Skopje

Де Брујне: “Немам никакви проблеми или несогласувања со Конте”

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Плејмејкерот на Наполи, Кевин де Брујне беше центарот на вниманието по вчерашниот меч од Лигата на шампионите, каде блесна на теренот во победата на Наполи од 2-1 против Спортинг.

Фудбалерот кој се приклучи на тимот на италијанскиот шампион, после натпреварот се осврна на неговите наводни проблеми со тренерот Антонио Конте, а Белгијецот инсистира дека не постојат несогласувања.

“Јас немам никакви проблеми или несогласувања со Антонио Конте. Јас сум победник и сакам да направам разлика на теренот, но имам нула проблеми со тренерот”, изјави Де Брујне после мечот.

Извор: https://x.com/sscnapoli

Гласините за проблеми започнаа кога тој беше бесен по неговата замена за време на дербито со Милан минатиот викенд, кога Наполи изгубија со 2-0 во рамките на Серија А.

Де Брујне досега беше изваден од игра во четири од шест натпревари откако се приклучи на тимот на италијанскиот шампион ова лето како слободен трансфер. Сепак, според гласините, тренерот Конте веднаш ги смирил страстите после бесната реакција на играчот, давајќи му до знаење дека не смее да навлегува во понатамошни расправии со него.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено