6.8 C
Skopje

Макс пред Сингапур: “Не размислувам воопшто за шампионатот!”

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред Големата награда на Сингапур, Макс Верстапен го прослави својот 28 роденден со осврт на едно сосема различно искуство – победата на легендарната патека Нирбургринг Нордшлајфе. Холанѓанецот, заедно со својот совозач Крис Лулхам, триумфираше на трката зад воланот на Ферари 296 GT3, возејќи за “Verstappen.com Racing”.

“Навистина уживав”, истакна Ферстапен. “Имавме два одлични дена на Нордшлајфе. Возев и на влажна и на сува патека, стекнав многу искуство со сообраќајот на патеката, а потоа да победиш е вистински бонус. Со години ја возев оваа патека на симулатор и искуството во реалноста беше неверојатно природно. Со Крис освоивме многу трки онлајн, но за него да влезе во вистински автомобил на ваква патека беше нешто посебно. Тој се снајде одлично, едноставно бевме брзи”.

По успешното деби, Верстапен не ја исклучува можноста да настапи и на легендарната 24-часовна трка на Нордшлајфе: “Сè зависи од календарот во Формула 1 и новите правила што доаѓаат. Би сакал да се вратиме таму со тимот, но во моментов не знам колку и кои трки ќе ги возиме. Ако сè се совпадне, ќе бидам таму”.

Извор: https://news.verstappen.com

Но, пред него стои сосема поинаков предизвик. Уличната патека во Сингапур е позната по жешките и влажни услови, како и по високото аеродинамичко оптоварување што жестоко ги казнува гумите. Ова е една од ретките патеки на која Макс досега нема победено, па да победи викендов ќе биде вистинско чудо.

“Последните две трки беа на патеки со ниска деградација и малку аеродинамички притисок. Овде е спротивното, многу е тешко за гумите. Не мислам дека тоа многу ни одговара, но ќе видиме. Минатата година завршивме втори со голема разлика, па се надевам дека ќе бидеме поконкурентни. Јас ќе дадам сè од себе”, рече Макс.

Со седум трки до крајот на сезоната 2025, Верстапен заостанува со 69 поени зад лидерот во шампионатот Оскар Пијастри, додека Ландо Норис има предност од 44 поени. Сепак, Холанѓанецот не се оптоварува со математиката.

“Не размислувам за шампионатот. Разликата е голема. Одиме трка по трка. Ако болидот е доволно добар, можам да победам. Ако победам, ќе размислувам потоа за следната трка. Не се грижам премногу”, додаде тој пред новинарите.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено