3.8 C
Skopje

Инфантино за Израел: “ФИФА не може да ги решава геополитичките проблеми”

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека светската фудбалска федерација “не може да ги решава геополитичките проблеми”, во момент кога расте притисокот врз фудбалските власти да го санкционираат учеството на Израел во меѓународните натпреварувања.

Извештај на Обединетите Нации од минатиот месец заклучи дека Израел извршил геноцид врз Палестинците во Газа. Иако ова прашање не беше формално на дневниот ред на Советот на ФИФА, Инфантино се осврна на темата во воведното обраќање во седиштето во Цирих.

Извор: https://www.instagram.com/gianni_infantino

“Нашите мисли се со сите кои страдаат во бројните конфликти низ светот. Најважната порака која фудбалот може да ја пренесе во моментов е порака на мир и единство”, изјави 55-годишниот Италијанец. “ФИФА не може да решава геополитички проблеми, но може и мора да го промовира фудбалот низ светот, користејќи ги неговите обединувачки, образовни, културни и хуманитарни вредности”.

Инфантино откри и дека се сретнал со претседателот на Палестинската фудбалска асоцијација, Џибрил Раџуб, кому му изразил поддршка и ја повторил заложбата на ФИФА за користење на моќта на спортот за да ги зближува луѓето во поделен свет.

Во меѓувреме, Амнести Интернешнл и група експерти за човекови права при ОН повикаа ФИФА и УЕФА да ја суспендираат израелската репрезентација и клубови од натпреварите, со пораката: “Спортот мора да одбие перцепција дека сè продолжува како вообичаено”.

Бројни репрезентации најавија бојкот на претстојниот Мундијал доколку му биде овозможено на Израел да игра, а фудбалските ѕвезди како Мо Салах јавно ги проѕваа светските фудбалски организации кога во еден од израелските напади загина “палестинскиот Пеле”.

Израелските клубови, меѓу кои и Макаби Тел Авив, и понатаму играат во европските натпреварувања, додека националниот тим учествува во квалификациите за Светското првенство 2026, каде моментално е трет во својата група под капата на УЕФА.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено