5.8 C
Skopje

Новак Ѓоковиќ го започна настапот во Шангај со победа

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Новак Ѓоковиќ го започна својот настап на Мастерс турнирот во Шангај, каде претходно има освоено четири титули. Тој во денешниот меч го совлада Марин Чилиќ со 2-0, односно 7(7)-6(2), 6-4 во сетови.

Српскиот тенисер после победата разговараше за посебната врска која ја има со кинеските фанови, каде секогаш е примен со огромна поддршка од публиката.

“Ова е една од најстарите култури и традиции во светот. Тука добивам многу љубов и поддршка во текот на годините и првиот пат кога играв во Кина беше во 2007, пред скоро 20 години. Многу сакам да се враќам тука, а најголемата причина зошто дојдов и оваа година е само да го почувствувам ова”, изјави Ѓоковиќ.

Тој додаде и дека “после домашните фанови во Србија, најверојатно Кинезите се втори најголеми негови поддржувачи”.

Во другите мечеви од денешниот ден Тејлор Фриц одигра навистина тежок натпервар со Марозсан, во кој на крајот триумфираше со 2-6, 7(7)-6(4), 7(7)-6(1).

Леарнер Тјен во три сета го совлада Кецмановиќ со 4-6, 6-3,6-4, а можеби најголемо изненадување откажувањето на Каспер Руд, кој во третиот сет против Германецот Бергс мораше да го напушти теренот поради повреда.

На турнирот своето учество го откажа и Карлос Алкараз, кој се здоби со повреда на глуждот на турнирот во Токио. Тој изјави дека се чувствува дека му е потребен одмор, а неговиот тим проценил дека треба да го прескокне овој турнир со цел побрза рехабилитација.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено