Бразилскиот репрезентативец Савињо потпиша нов долгогодишен договор со Манчестер Сити, кој ќе го задржи на “Етихад” најмалку до летото 2031 година.
Само една сезона по пристигнувањето од Троа, 20-годишниот крилен напаѓач се наметна како еден од највозбудливите млади таленти во Премиерлигата со 48 настапи, 3 гола и 13 асистенции во својата дебитантска година, придонесувајќи и за освојувањето на Комјунити Шилд.
“Горд сум што го потпишувам овој договор. Сè уште сум млад и имам многу за да научам, а работата со Пеп и неговиот тим ќе ми помогне да станам подобар играч”, изјави Савињо.
Спортскиот директор на клубот, Уго Вијана, го истакна огромниот потенцијал на Бразилецот: “Тој е скромен, талентиран и многу трудољубив. Веруваме дека ќе биде клучен играч за Сити во годините што доаѓаат”.
Савињо веќе има 13 настапи за националниот тим на Бразил и со својот брз развој се очекува да биде една од големите ѕвезди на следната генерација во светскиот фудбал.
More of this! 🤩 pic.twitter.com/OS7ob5b8vY
— Manchester City (@ManCity) October 3, 2025