Последниот километар ја покажа одлучноста, истрајноста и шампионскиот менталитет на нашиот Дарио Ивановски кој успеа да триумфира на овогодинешното издание на Скопскиот маратон!
Дарио беше пречекан на финишот со бројни аплаузи и овации, а на сцената по победата тој изјави: “Ова е за Македонија! За сите млади и за сите Македонци. Да покажеме дека и од Македонија има таленти”.
Ивановски го истрча маратонот за 2 часа 14 минути и 50 секунди, а во драматичен финиш во последниот километар успеа да го помине фаворитот од Кенија, Џулиос Кипкоеч за втор триумф на Скопскиот маратон после победата во 2021 година.
View this post on Instagram
Кипкоеч заврши втор со време од 2 часа 15 минути и 20 секунди, а трет беше атлетичарот од Грузија, Давити Каразишвили со време од 2 часа 24 минути и 48 секунди.
Од жените, по втор последователен пат триумфираше атлетичарката од Кенија, Ирине Черуто, која успеа да го истрча маратонот за 2 часа 38 минути и 31 секунда. Втора беше Бугарката Маринела Нинева, а трета заврши Азербејџанката Ана Јусупова.
Наскоро очекувајте и ги нашите фотографии од денешниот спортски празник кој секоја година го разбувава Скопје!