12.8 C
Skopje

Сабаленка повторно доминантна за влез во четврт-финалето во Вухан

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Арина Сабаленка изгледа незапирливо на турнирот во Вухан, кадешто досега бележи рекорд од 19 победи, без ниту еден пораз. Белорусинката денес без речиси никаков проблем ја совлада ривалката Лудимила Самсонова со 6-3, 6-2 во сетови.

27 годишната тенисерка досега нема изгубено во Вухан, кадешто има апсолутно позитивен резултат, а светската тенисерка број еден изгледа дека ќе ја продолжи низата на победи и оваа година.

Претходно денес билет за четврт-финалето обезбеди и Џесика Пегула, која по три одиграни сета успеа да ја совлада противничката Екатерина Александрова со 7-5, 3-6, 6-3 во сетови.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено