Јанис Сферопулос повеќе не е тренер на Црвена звезда

 

Објавено:

КК Црвена Ѕвезда Меридианбет и грчкиот стратег Јанис Сферопулос се разделија по заедничка одлука на двете страни, соопшти клубот преку официјално соопштение.

Одлуката е донесена по состанокот на претседателот на клубот Жељко Дрчелиќ, генералниот спортски менаџер Милан Томиќ, менаџментот и досегашниот тренер Сферопулос, а како што се наведува, таа е направена во најдобар интерес на клубот во овој момент.

Сферопулос го презеде водството на “црвено-белите” на 21 октомври 2023 година и во текот на две години на клупата освои вкупно четири трофеи – титулата во АБА лигата, две Куп натпреварувања “Радивоје Кораќ” и првенството на Србија. Под негово водство, тимот минатата сезона стигна и до плеј-ин фазата на Евролигата.

Во периодот од 2023 до 2025 година, Сферопулос ја водеше Црвена Ѕвезда на 145 натпревари, со биланс од 90 победи и 55 порази.

Клубот му изрази искрена благодарност за неговиот професионализам, односот кон клубот и начинот на кој ја претставуваше Црвена Ѕвезда на домашната и меѓународната сцена:

“Благодарни сме за сè што направи на клупата на Црвена Ѕвезда и за начинот на кој помогна да го подигнеме клубот на повисоко ниво. Му посакуваме многу среќа, здравје и успех во понатамошната кариера”, стои во соопштението.

Извор: https://kkcrvenazvezda.rs

Јанис Сферопулос, со освоените трофеи и признанието како најуспешен тренер во спортското друштво Црвена Ѕвезда, ќе остане запаметен како важен дел од историјата на белградскиот клуб.

Црвена Ѕвезда се заблагодари и на неговиот помошник, Василис Гераготелис, за ангажманот и придонесот во работата на клубот во изминатиот период.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено