13.8 C
Skopje

Швјонтек и Гауф се пласираа во четвртфиналето во Вухан

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

После Сабаленка и други две фаворитки се приклучија на учесничките кои обезбедија пласман во четвртфиналето на турнирот во Вухан. Второпласираната полска тенисерка Ига Швјонтек ја победи Белинда Бенчич во меч со два интензивни сета.

Шампионката од Вимблдон успеа да ја совлада шведската тенисерка со 7-6(2), 6-4 во сетови и да обезбеди учество во понатамошната фаза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WTA (@wta)

Таму ќе се најде и Коко Гауф, откако денес со многу поголема леснотија ја совлада домашната тенисерка Жанг Шуаи. Кинескињата учествуваше на турнирот со вајлд карта, но сепак не успеа да направи сензација, па Американката на крајот славеше со 6-3, 6-2 во сетови.

Овие две тенисерки би можеле да се сретнат во полуфиналето, но прво ќе треба да ја поминат следната пречка во четвртфиналето.

Швјонтек ќе се сретне следно со Јасмин Паолини од Италија, која успеа да направи кам-бек во мечот против Клара Раусон и на крајот да го добие мечот службено со 3-6, 6-1, 3-1, откако данската тенисерка се повлече од натпреварот во третиот сет.

Гауф ќе се сретне со малку неочекувана ривалка, Лаура Зигмунд, која во интензивен меч ја совлада Магдалена Фреч. Сега најстарата тенисерка во конкуренцијата, на 37 години ќе се обиде да направи уште една сензација откако претходно успеа да ја совлада фаворизираната Мира Андреева.

Ова се најдобрите осум кои ќе се сретнат следно на турнирот во Вухан.

Извор: https://x.com/usopen

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено