14.8 C
Skopje

А, кој друг?! Хари Кејн е играч на месецот во Бундеслигата!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Англискиот напаѓач на Баерн Минхен, Хари Кејн, е избран за најдобар играч во Бундеслигата за месец септември 202, откако имаше неверојатен старт на сезоната.

Конкуренцијата не беше мала, а тој за ривали ги имаше Грималдо (Баер Леверкузен), Узун (Ајнтрахт), Раум (Лајпциг), Атуболу (Фрајбург) и Сано (Мајнц). Но Кејн беше едноставно недостижен.

Во само три натпревари во септември, тој постигна седум голови и една асистенција, статистика која сама по себе зборува доволно.

Септемврискиот блесок на Кејн повторно ја разгоре старата приказна – дали ова е конечно неговата вистинска ренесанса, или пак само уште една епизода на фудбалска доминација во “лесна” лига?

Критичарите на Бундеслигата и понатаму зборуваат дека тоа е “фармерска лига” каде што секој голем напаѓач блеска. Но дали тоа навистина е така, кога Кејн игра со таква глад, со таква прецизност и мирнотија во секој контакт со топката?

На 32 години, англискиот капитен изгледа како машина која штотуку почнува да работи на највисоките обртаи. Но и покрај бројките, прашањето останува: ќе го одведе ли Баерн до титула, или ова ќе остане уште еден месец полн статистика, но без трофеи?

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено