12.8 C
Skopje

Шок во ЛА: Леброн Џејмс го пропушта стартот на сезоната поради ишијас!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

На само десетина дена пред почетокот на новата НБА сезона, стигна вест која ги шокираше сите навивачи на Лос Анџелес Лејкерс. Најголемата ѕвезда на тимот, Леброн Џејмс, ќе го пропушти стартот на сезоната поради ишијас (повреда или иритација на ишијалниот нерв) на десната страна од телото.

Ова е огромен удар за “езерџиите”, кои ќе мораат да ја започнат својата 23-та сезона во кариерата на “Кралот” без негово присуство на теренот.

Три до четири недели пауза, се пропушта дербито со Вориорс

Според официјалното соопштение на клубот, Џејмс ќе биде надвор од терените најмалку три до четири недели, по што ќе биде направена нова проценка на неговата состојба. Ова значи дека тој сигурно ќе го пропушти големото отворање на сезоната на 21 октомври, кога Лејкерси на домашен терен ќе го пречекаат својот најголем ривал, Голден Стејт Вориорс.

Проблем што се “влече” од предсезоната

Оваа повреда не е новост. Џејмс, кој во декември ќе наполни 41 година, ги пропушти сите тренинзи и подготвителни натпревари. Тренерот Џеј-Џеј Редик уште на почетокот на подготовките изјави дека Леброн се соочува со “мала иритација на нервот во глутеусот” и дека ќе му биде потребно повеќе време да се подготви за сезоната.

Сепак, никој не очекуваше дека проблемот е толку сериозен што ќе го оддалечи од терените и на стартот од регуларниот дел.

Нов предизвик за “Кралот” и Лејкерси

Иако ишијасот е болна и непријатна повреда, добрата вест е што ретко бара хируршка интервенција. Сепак, за играч на негова возраст, секоја повреда е сериозен предизвик.

Ова ќе биде и голем тест за тимот на Лејкерс, кој ќе мора да покаже дека може да победува и без својот лидер. Во негово отсуство, товарот ќе падне на Лука Дончиќ и останатите ѕвезди во тимот.

Целиот текст од оригиналната вест можете да го прочитате во “The Athletic”.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено