Белгијците вечерва ќе ги пречекаат нашите македонски рисови на Гент Арената, местото каде ние ќе бараме позитивен резултат и остварување на сонот за Светското првенство.
Претходно од федерацијата на Белгија објавија дека сите билети за вечерашниот меч се распродадени, а македонските гостински билети беа распродадени уште во првите денови, па и нашите ќе имаат поддршка од околу 1.000 навивачи.
“Супер е што играме насекаде низ Белгија. Во Генк и Андерлехт атмосферата беше извонредна, а утре ќе сметаме на истата поддршка и тука во Гент”, изјави тренерот на Белгијците на вчерашната прес-конференција за новинарите.
Погледнете како изгледа стадионот, непосредно пред мечот вечерва.
The KAA Gent Arena is ready. 🏟️ pic.twitter.com/Xnrw05eYvs
— Belgian Red Devils (@BelRedDevils) October 10, 2025
— Belgian Red Devils (@BelRedDevils) October 10, 2025
View this post on Instagram