17.8 C
Skopje

Историјата на сите клубови од Премиер лигата: Брентфорд

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

“Автобуската постојка од Ханслоу”: приказната за Брентфорд и нивните необични корени

Еднаш навреда, денес симбол на гордост. “Автобуската постојка од Ханслоу” – фраза со која противниците долго време се потсмеваа на Брентфорд, а која навивачите денес ја пеат со гордост на трибините. Но вистината е дека клубот навистина има длабоки, едноставни и искрени корени, роден од јавниот дух на заедницата и спасен од љубовта на навивачите. Ова е приказната за Брентфорд.

Бренфорд е клуб роден од јавен дух, создаден во 1889 година кога локалниот совет во Хаунслоу одлучил новиот парк “St Paul’s Recreation Ground” да добие спортски тим. Со тесно мнозинство, осум гласа “за” и пет “против”, било одлучено дека ќе се игра фудбал, а не рагби.

Но, додека советот си ја влечел бирократската постапка, двајца членови на локалниот веслачки клуб, Арчер Грин и Џон Хенри Стракан, решиле да не чекаат. Без официјални дозволи, тие сами го формирале клубот, така што Брентфорд, иронично, никогаш не заиграл на теренот што требало да биде негов дом.

Извор: https://www.brentfordfc.com

Скандалот што ги натера да станат професионалци

Десет години подоцна, во 1899, Брентфорд бил обвинет од Фудбалската федерација дека нелегално плаќа играчи, нешто што било вообичаено меѓу водечките аматерски клубови, но формално забрането. Наместо казна, судбината им приредила шанса: Фудбалската федерација ги “присилила” да станат професионален клуб. Само 18 месеци подоцна, Брентфорд ја освоил Втората дивизија на јужначката лига и бил промовиран.

На 1 септември 1904 година, клубот го одиграл првиот натпревар на Грифин Парк, место каде ќе останат повеќе од еден век. Во истата декада клубот го добил и прекарот “Пчелите (The Bees)”, поради едноставна новинарска грешка, кога нивниот навивачки повик “The Bs” бил погрешно протолкуван.

Подемот на Хари Кертис

Во 1926 година, поранешниот судија Хари Кертис станал менаџер и го трансформирал клубот. За само девет години, од третолигаш, Брентфорд стигнал до Првата дивизија. Во дебитантската сезона во елитата, завршиле петти, најдобро рангирани од сите лондонски клубови, над Арсенал и Челси. Грифин Парк редовно собирал по 25.000 гледачи, времиња на вистинска слава на клубот.

Во 1942 година, во разгорот на Втората светска војна, Брентфорд го освоил Лондонскиот воен куп, победувајќи го Портсмут на Вембли пред 70.000 гледачи.

Извор: https://www.brentfordfc.com

Падот и предавството

По завршувањето на војната, клубот влегол во турбулентен период. До 1962 година, паднал до Четвртата дивизија. Но вистинскиот шок дошол во 1967, кога сопственикот Џек Данет тајно договорил спојување со ривалот Куинс Парк Ренџерс, што ќе значело уништување на Брентфорд.

Фановите и група локални бизнисмени го спречиле тоа. Со нивна помош, клубот бил спасен, но по цена на длабока финансиска криза и години во аматерските сенки.

Извор: https://www.logodesignlove.com

Моќта на навивачите

Во 2006 година, се случи нешто без преседан: Брентфорд стана првиот професионален клуб во Лондон во сопственост на своите навивачи.
Навивачката организација “Bees United” го презеде клубот, со финансиска поддршка од Метју Бенам – доживотен фан и поранешен аналитичар во финансискиот свет.

Бенам подоцна го презеде целосното управување во 2012 година и го претвори Брентфорд во модел на модерен, податочен фудбал. Анализите, алгоритмите и паметното скаутирање станаа темел на новиот идентитет.

Само неколку години подоцна, “пчелите” го напуштија Грифин Парк и се преселија во брилјантниот Брентфорд Комјунити стадионот, кадешто денес играат рамноправно со фудбалските џинови на Премиер лигата.

Прочитајте ги и претходните статии од нашиот серијал “Историјата на сите клубови од Премиер лигата”: Арсенал, Астон Вила, Борнмут.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено